Во седиштето на ФФМ, денес беа извлечени двојките за првите натпревари од Купот на Македонија за натпреварувачката сезона 2020/21.
Полуфиналистите од ланското издание Шкендија, Академија Пандев, Брегалница и Струга Трим Лум ќе ја прескокнат првата рунда, а полудиригирана жрепка ги даде следните парови:
Кит-Го – Скопје
Победа – Македонија Ѓ.П.
Љуботен – Пелистер
Слога Виница – Шкупи
Вардар Форино – Вардар
Велешта – Кожуф
Росоман – Беласица
Охрид – Ренова
Лабуништа Тетекс – Силекс
Каменица Саса – Борец
Гостивар – Тиквеш
Влазерими – Работнички
Оваа сезона во секоја фаза ќе се игра по еден натпревар, а при нерешен резултат директно ќе се изведуваат пенали.
Натпреварите од првата рунда ќе се одиграат на 23 септември од 15.30 часот. Осминафиналните дуели ќе се одиграат на 21 октомври, а четвртфиналните пресметки на 25 ноември. Полуфиналето ќе се игра на 7 април, а мечот за трофејот на 19 мај.