петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Ја поместиле свадбата бидејќи кумот играл финале- Перишиќ од прослава директно на венчавка (ФОТО)

Ја поместиле свадбата бидејќи кумот играл финале- Перишиќ од прослава директно на венчавка (ФОТО)

Се чини дека фудбалерот на Хрватска Иван Перишиќ не е уморен од Светското првенство во Русија, но и од пречекот во Загреб и Задар.

Перишиќ на својот Инстаграм профил објави дека се уште не го прекинал славењето од понеделникот.

Имено фудбалерот бил кум на свадбата кај својот другар кој требало да се ожени пред неколку недели, но поради „не планираното“ задржување на репрезентацијата го поместил датумот на свадбата во интерес на СП.

Кумот на свадбата бил во придружба на својата сопруга Јосипа, а на споделената фотографија коментирала и Франка Беталиќ, преставничката на Евровизија оваа година за Хрватска која викендов се мажи за репрезентативецот Ведран Чорлука.

A post shared by ?Josipa Perisic? (@joop8) on

-Јас ќе полудам, никогаш не е доста од забава, напиша таа.