Македонскиот фудбалски интернационалец и повремен репрезентативец Јани Атанасов доби нов договор од сплитски Хајдук и во клубот останува и во следната година.
22-годишниот играч за врска добива се поголема минутажа на „Пољуд“ и важи за еден од омилените играчи кај навивачите на сплитските „били“. Пристигна како слободен играч од турски Бурсаспор и брзо се наметна.
Договорот на Атанасов и Хајдук истекуваше по оваа сезона, но двете страни се договорија за уште една година соработка. Атанасов за хрватскиот тим досега одигра 47 официјални средби на кои даде четири гола, со уште две асистенции.