вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Јапонскиот селектор: Шпанците ја имаа топката, а ние брзината

Јапонскиот селектор: Шпанците ја имаа топката, а ние брзината

Селекторот Хајиме Моријасу смета дека Јапонија беше подобар противник во двете полувремиња и заслужи осминафинале.

„Оваа победа е за јапонскиот народ. Секогаш верувавме дека можеме да ја победиме Шпанија. Тие ја имаа топката, а ние брзината. Знаевме што сакавме и мислам дека бевме подобри и во првото и во второто полувреме. Дури и кога изгледавме дефанзивно, ние бевме подобрата екипа. Тоа што противникот ја имаше топката долго, не нè интересираше премногу. Ние имавме свој план и го реализиравме. Точно е дека многу научивме од женската фудбалска репрезентација на Јапонија, која стана светски првак. Го следиме тој пат“, истакна селекторот Моријасу.