петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Јошко Гвардиол официјално во Манчестер Сити за 100 милиони евра

Јошко Гвардиол официјално во Манчестер Сити за 100 милиони евра

Хрватскиот фудбалски репрезентативец Јошко Гвардиол е нов играч на Манчестер Сити. Лајпциг и Манчестер Сити конечно се договорија за обештетувањето и Гвардиол веќе го завршил првиот дел од лекарските прегледи.

„Гвардиол ги договори условите со Сити пред еден месец“, истакнува Фабрицио Романо кој редовно најбрзо ги објавува големите европски трансфери.

Манчестер Сити на Лајпциг ќе му плати отштета од 100 милиони евра, а Гвардиол на тој начин ќе стане најскапиот стопер во историјата на фудбалот.

Гвардиол досега за Лајпциг одигра 87 натпревари и забележа пет гола и три асистенции. Во меѓувреме и се приклучи на хрватската репрезентација за која има 21 настап и два гола, а со Лајпциг освои два Купа на Германија.