понеделник, 15. јануари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Јосип Иличиќ од наредната сезона во Милан

Јосип Иличиќ од наредната сезона во Милан

Joсип Иличиќ после четири години ќе ја напушти Аталанта.Фудбалеро не беше повикан за денешниот пријателски натпревар на Аталанта, па тоа е најава дека е пред заминување.

Според информациите Иличиќ карирата ќе ја продолжи во редовите на Милан и неговиот трансфер ќе изнесува околу шест милиони евра.

Откако Чалханоглу си замина бесплатно во Интер на Милан му беше потребен офанзивен играч за врска, па изборот паднал на Иличиќ.

Во најсилната италијанска конкуренција има повеќе од 300 натпревари и постигна повеќе од 90 голови, меѓутоа се уште не освоил ниту еден трофеј. Со трансферот во Милан тоа би можело да се промени.