На Лука Јовиќ не му оди. Ниту на теренот, ниту очигледно во личниот живот, откако локалните медиуми „извадија“ вест дека тој ја оставил својата девојка со која има седуммесечно бебе, за да влезе во врска со српската манекенка Софија Милошевиќ.
За целиот заплет да добие размери на спортско-љубовна сапуница, треба да се знае и фактот дека Софија доскоро му беше девојка на соиграчот на Јовиќ од националниот тим, фудбалерот Адем Љајиќ.
Лука очигледно изгубил глава по убавата и секси Софија, па наместо на фудбалот многу повеќе мисли на неа, што се одразува на неговите игри на теренот. Јовиќ како да заборавил да дава голови, ама затоа не заборава ниту еден момент да и посвети на атрактивната Србинка.
Сега за прв пат се огласи и поранешната вереница на Лука, Анџела Маниташевиќ, која со него го има вонбрачниот син Давид.
Анџела и Лука добија наследник пред осум месеци, во февруари годинава, меѓутоа, вистината за нивната врска дури сега исплива во јавноста. Како што вели Анџела, двајцата не се заедно уште од 2016 година.
„Јас и Лука бевме вистинска приказна од 2014 до 2016 година. Ние тогаш се сакавме лудо, но љубовта исчезна и се разделивме сосема нормално и цивилизирано. Сепак, во 2018 година се сретнавме и проработе страста. Забременив непланирано, но кога се случи – двајцата бевме за тоа да се роди бебето. Сега го имаме Давид и благодарни сме му на Бога за тој подарок. Сепак, ние никогаш не сме биле во врска од 2016 година. Ние имаме наше дете, но секој може да прави што сака“ – рекла Анџела.