Италијански Јувентус ова лето се засили со Анхел ди Марија и Пол Погба, кои пристигнаа без обештетување.
Тоа е потврда на одличната работа на скаутите на италијанскиот гигант. „Старата дама“ секое лето прави некоја зделка со која ја одушевува фудбалската јавност. Еве го најдобриот тим кој бесплатно заиграл во Торино во последните петнаесет години:
Буфон – Лусио, Дани Алвес, Канаваро, Циглер – Кедира, Погба, Пирло – Ди Марија, Фернандо Љоренте, Коман;
Сепак, Јуве купува и скапи засилувања. Калчолигашот е рекордер по бројот на потрошени пари во изминатите пет сезони со вкупно 815 милиони евра.