вторник, 19. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Јувентус е подготвен да го продаде Киеза за најмалку 50 милиони евра

Јувентус е подготвен да го продаде Киеза за најмалку 50 милиони евра

Ливерпул и Њукасл нема да можат да го ангажираат крилниот напаѓач на Јувентус, Федерико Киеза додека не продадат играчи, пишува„ La Gazzetta dello Sport“.

Според италијанскиот весник, интерес за 25-годишниот фудбалер покажуваат и двата англиски клуба. Исто така и Астон вила го бараше Киеза, но играчот не е заинтересиран за оваа опција. Раководството на „Старата Дама“ е подготвено да ги разгледа понудите, но не сака да го продадат фудбалерот за помалку од 50 милиони евра.

Ливерпул и Њукасл се подготвени да направат обид да го купат Киеза доколку ги продадат Мохамед Салах, односно Алан Сент Максимин. И двајцата играчи може да завршат во Саудиска Арабија.

Претходно беше објавено дека Ливерпул е подготвен да понуди 40 милиони евра за Киеза.

Договорот на Киеза со Јувентус е до 2025 година. Минатата сезона постигна четири гола и имаше шест асистенции на 33 натпревари.

Порталот „Transfermarkt“ го цени играчот на 40 милиони евра.