Италијанскиот фудбалски гигант Јувентус е заинтересиран за потписот на аргентинскиот голман и член на Астон вила, Емилијано Мартинез.
Тренер на „бјанко-нерите“ Масимилијано Алегри е лично заинтересиран да го покани 29-годишниот голман да дојде во Торино.
Во септември 2020 година, Мартинез се приклучи на Астон вила од Арсенал за повеќе од 20 милиони евра. Неговиот договор е до летото 2027 година.
Јувентус многу веројатно сезона ќе остане без трофејот во Серија А, па веќе е во почнување на создавање тим кој ќе биде конкурентен за највисок пласман, како во домашното првенство, така и во евро-куповите. (МИА)