Италијанскиот фудбалски гигант Јувентус ја активираше клаузулата со која трансферот на напаѓачот Федерико Киеза од Фиорентина доби перманентен карактер.
Италијанскиот репрезентативец му се приклучи на Јувентус како позајмен фудбалер есента 2020 година со можност неговиот договор да биде откупен на крајот на оваа сезона.
Според информациите во италијанските медиуми, еден од условите за активирање на откупната клаузула во договорот на Киеза бил пласман на Јувентус во Лигата на шампиони што Старата дама го обезбеди на три кола пред крајот на сезоната во Серија А.
Јувентус веќе плати десет милиони евра кога Киеза дојде во клубот како позајмен фудбалер и ќе плати дополнителни 40 милиони евра за неговиот трансфер да биде траен.