среда, 6. март 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Јувентус има нов претседател

Јувентус има нов претседател

Џанлука Фереро ќе биде првиот човек на Јувентус, официјално е соопштено.

Вчера вечерта беше објавено дека сите директори на Јувентус поднесоа оставки и го напуштија клубот.

Газета дело спорт пишува дека се работи за голем скандал кој би можел да има сценарио како во 2006 година кога Јувентус беше исфрлен од Серија А.

Не така одамна, Андреа Ањели важеше за еден од навлијателните луѓе во европскиот фудбал. Името на новиот претседател на клубот го објави компанијата Ексор која е сопственик на „Старата дама“.

Фереро е економски експерт за кој во овој момент сметаат дека е совршено решение за Јувентус на кој финансиската стабилност му е на прво место.