Торинскиот гигант Јувентус денеска на италијанските фудбалски власти ќе им предложи на спогодба и признавање на вината поради случајот кој вклучува наводни неправилности при исплата на плати на играчите, јавија италијанските медиуми.
Неколку италијански весници објавија дека Јувентус ќе предложи да добие казна од дополни два или три бодови за тековната сезона, во која веќе му се одземени десет бодови.
Рочиштето ред судот на Фудбалската федерација на Италија (ФИЦГ) е поместено за денеска, откако првично беше закажано за 15 јуни.
Доколку ФИЦГ го прифати предлогот на Јувентус, за кој известуваат медиумите, торинскиот клуб би ја завршил сезоната во Серија А на седмото место и би се квалификувал за Лигата на конференции на УЕФА.
Меѓутоа, постои веројатност Јувентус да го загуби тоа место во третото по ранг европско клупско натпреварување поради санкциите кои може да му бидат наметнати по завршување на посебната истрага која против Јувентус ја води УЕФА околу финансиски малверзации на италијанскиот гигант.