четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Јувентус на Манџукиќ му нуди договор до 2022 година

Јувентус на Манџукиќ му нуди договор до 2022 година

Италијанскиот шампион, Јувентус му понудил нов договор на хрватскиот интернационалец Марио Манџукиќ. Тренерот Масимилијано Алегри е презадоволен од неговите игри оваа сезона, тој постигна неколку одлучувачки голови во шампионатот, и раководството му подготви договор за продолжување на соработката до 2022 година.

Со оглед дека тој има 32 години, доколу одлучи да остане во Торино, тоа би значело дека и можност да ја заврши кариерата во редовите на „старата дама“.Манџукиќ има понуди и од Кина, каде би можел да заработи и многу повеќе пари, но, сепак, многу поизгледно е дека ќе ја прифати понудата на Јувентус за обновување на договорните обврски со шампионот на Италија.