понеделник, 20. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Јувентус на потег: Лацио бара 150 милиони за Сергеј

Јувентус на потег: Лацио бара 150 милиони за Сергеј

ФК Лацио бара 150 милиони евра за трансфер на српскиот репрезентативец Сергеј Милинковиќ-Савиќ како одговор на понудата на Јувентус, пишуваат италијанските медиуми.

Еден од најбараните млади фудбалери во светот има договор со тимот од Рим до 2022. година, а досега за него се интересираа градските ривали од Манчестер, ПСЖ и Реал Мадрид.

Тој пристигна во Лацио во 2015. година од Генк, а претходно играше за Војводина, каде што ја помина младинската школа.

Милинковиќ-Савиќ со младинската селекција на Србија стана светски првак во Нов Зеланд, а досега во А тимот одигра само два натпревари.

Оваа сезона постигна 11 голови и осум асистенции со што стана еден од најважните играчи на Лацио.

Според пишувањата на италијанските медиуми, тој повеќе сака да оди во Јувентус, отколку во Манчестер, но овие 150 милиони евра претставуваат проблем за италијанскиот шампион.

Летниот преоден период стартува на 10. јуни и ќе трае до крајот на август. На цената на младиот Србин ќе влијае и неговиот настап на Светското првенство во Русија.