Јувентус нема да го продолжи договорот со Анхел Ди Марија, објави „Газета дело Спорт“.
Според италијснакиот весник, „бјанконерите“ сакаат да го намалат својот платен список следната сезона и нема да му понудат на Ди Марија продолжување на договорот.
Играчот од средниот ред игра за Јувентус од летото 2022 година. Рокот на актуелниот договор на 34-годишниот Аргентинец со клубот е со важност до 30 јуни 2023 година.
Порталот „Трансфермаркт“ ја проценува вредноста на играчот на 10 милиони евра.
Во сезоната 2022/23, Ди Марија забележа 15 настапи за Јувентус во сите натпреварувања, постигнувајќи три гола и пет асистенции.