сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Јувентус подготвил нов договор за Данило

Јувентус подготвил нов договор за Данило

Раководството на Јувентус ќе му понуди нов договор на дефанзивецот Данило, пренесуваат италијанските медиуми.

Актуелниот договор на Бразилецот истекува во 2024 година, но во клубот се многу задоволни од неговите партии оваа сезона.

„Спортмедиасет“ пренесува дека „бјанконерите“ спремиле нов договор и сакаат да го задржат до 2026 година.

30-годишниот Бразилец игра важна улога во тимот на Алегри бидејќи може да игра и како бек и како цетрален дефанзивец.

Бразилецот пристигна во Јувентус од Манчестер Сити во 2019 година како дел од трансферот на Жоао Кансело.