Тимот на Јувентус официјално го објави финансискиот извештај за минатата 2020/2021 сезона. Тие се во износ од 254,3 милиони евра, што е рекорд за клуб во историјата на италијанскиот фудбал.
Ова е зголемување од речиси 45 милиони евра во споредба со загубите од сезоната 2020/21, кога тие изнесуваа вкупно 209,9 милиони евра.
Во целата оваа ситуација сепак, има и една добра вест – токму во приходите од стадионот има зголемување од 8 милиони евра на 32 милиони, иако рекордот останува од 2018/19 година кога нивната вредност беше 74 милиони евра.
Ова е уште еден показател дека италијанскиот фудбал има сериозен проблем, особено по пандемијата и мора да се справува со сериозни финансиски потешкотии.