понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Јувентус се насочува кон Марсијал по откажувањето на Мората

Јувентус се насочува кон Марсијал по откажувањето на Мората

Јувентус ќе се насочи кон Антони Марсијал откако не успеа да постигне договор со напаѓачот на Челзи, Алваро Мората. Претставниците на италијанскиот шампион се сретнале со фудбалерот на тимот од Лондон и неговиот агент, но не постигнале договор.

Финансиските барања на шпанскиот напаѓач се причината за раководството на „бјанконерите“ да погледне кон Манчестер Јунајтед и францускиот напаѓач.

Торинското издание „Тутоспорт“ вели дека од Јувентус ќе се обидат да го убедат францускиот репрезентативец да премине на „Алијанц“ стадионот.

Марсијал во моментов добива 3,5 милиони евра по сезона, но неговиот договор истекува летото 2019 година.

МИА