Претседателот на Јувентус Андреа Ањели реши да го замени Андреа Пирло со поранешниот тренер на „Старата дама“, Масимилијано Алегри.
Под водство на Алегри тимот имаше одлични резултати и освои многу трофеи, а во Серија А дури пет пати по ред беше првак на Италија, а четири години по ред го освојуваше Купот, како и двапати Суперкупот на Италија.
Пирло има сезона за заборав, зашто Јувентус испадна во осминафинале од Лигата на шампиони, а во Серија А е на четвртата позиција и се бори за место кое води во елитното натпреварување.
За Алегри интерес покажа и Баерн Минхен, но на местото на Ханси Флик најверојатно ќе пристигне Јулијан Нагелсман од Лајпциг.