Од таборот на Јувентус се надеваат дека ќе го убедат Лацио да им го отстапи нивниот најдобар фудбалер, Сергеј Милинковиќ- Савиќ.
Клубот од Торино во јануари ќе прави значителни промени во составот, со цел повторно да се врати во врвот на италијанскиот фудбал, а меѓу приоритетните трансфер желби ќе биде токму српскиот фудбалер.
Како што пишува „Калчомеркато“, управата на клубот од Торино планира на Лацио да му го понуди младиот Николо Фаџоли, а притоа да уплати и праични средства со цел да го обезбеди потписот на Милинковиќ- Савиќ.
Тренерот на Лацио, Маурицио Сари, наводно го ценел Фаџоли и според многумина бил подготвен да се откаже од Милинковиќ- Савиќ доколку ги добие услугите на 21 годишниот фудбалер.