Италијанскиот фудбалски гигант Јувентус објави денеска дека во следните дваесетина денови ќе биде без услугите на аргентинското репрезентативно крило Ангел Ди Марија поради повреда на бутниот мускул.
Ди Марија се повреди во вторникот на дуелот против Макаби во Хаифа во рамки на Лигата на шампиони.
–Ангел Ди Марија утрово беше подложен на дијагностичко тестирање при што беше констатирана полесна лезија на десниот бутен мускул. За целосна рехабилитацијата ќе бидат потребни три недели, соопшти Јувентус.
Искусниот 34-госишен Ди Марија се очекува да се најде во составот на аргентинската репрезентација за Светското првенство во Катар кое почнува на 20 ноември.
Аргентина е во група со Саудиска Арабија, Мексико и Полска.