четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Јувентус во Флик гледа наследник на Пирло

Јувентус во Флик гледа наследник на Пирло

Актуелниот италијански првак Јувентус, кој сезонава има резултати под очекувањата, ќе му врачи отказ на тренерот Андреа Пирло на крајот од првенството, а за негов наследник ќе настојува да го донесе стратегот на Баерн Минхен, Ханси Флик.

Ова денеска го тврди германскиот весник „Билд“, потсетувајќи на неодамнешната одлука на 56-годишниот Флик да го напушти бундеслигашот од Минхен ова лето поради затегнатите односи со спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ.

Јувентус од поодамна ја загуби битката во Серија А за одбрана на титулата, а неизвесен е и неговиот настап во Лигата на шампиони (ЛШ). На седум кола до крајот на шампионатот, Јувентус е на последното, четврто, место кое носи учество во ЛШ.