петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Јувентус во проблеми, Пјаниќ повторно повреден

Лоши вести пристигнуваат денес од Торино за сите фанови на актуелниот италијански шампион Јувентус.
Јувентус во проблеми, Пјаниќ повторно повреден

„Моторот“ на тимот Миралем Пјаниќ повторно се повреди! Фудбалерот од средината на теренот морал порано да го напушти денешниот тренинг поради повреда на десната нога.

Врз Пјаниќ ќе мораат да биде направени дополнителни прегледи после што ќе биде познато дали Босанецот ќе биде спремен за натпреварот од следното коло во Серија А каде што Јувентус во сабота ќе игра против Верона.

Да потсетиме, Пјаниќ пред само петнаесетина дена мораше да паузира поради проблеми со мускулот, но се опорави побрзо од очекуваното.