сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Јувентус за Влаховиќ бара 40 милиони евра од Челзи плус Лукаку

Јувентус за Влаховиќ бара 40 милиони евра од Челзи плус Лукаку

Јувентус ги договори условите со Ромелу Лукаку. Според инсајдерот Фабрицио Романо, постои договор со играчот за потпишување на тригодишен договор со опција за продолжување на уште една сезона.

Раководството на „Старата Дама“ инсистира да го испрати Душан Влаховиќ во Челзи, а во замена да го добијат Лукаку и 40 милиони евра.

Лондонци се уште не одлучиле дали ќе го купат српскиот напаѓач. Пресуден ќе биде зборот на главниот тренер Маурисио Покетино.

Во италијанските медиуми се пишуваше дека Лукаку ќе добива осум милиони евра годишно во Јувентус. (МИА)