недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Кајл Вокер останува верен на европскиот првак

Кајл Вокер останува верен на европскиот првак

Иако се поврзуваше со заминување од клубот Кајл Вокер останува верен на Манчестер Сити.

Оваа лето бекот се поврзуваше со трансфер во Баерн Минхен, откако претходно го загуби првотимскиот статус на „Итихад“. Сепак, Вокер парафира нова соработка со „граѓаните“ до летото во 2026 година.

„Возбуден сум што потпишав нов договор. Мојата иднина е во Манчестер Сити и тоа е одлично за мене. Уживав во секој момент од последните шест години во овој клуб. Сезоната во која ја освоивме тројната круна нема да ја заборавам никогаш. Подготвени сме да освоиме уште многу трофеи“, изјави Вокер.