Поранешниот голман на Баерн Минхен, Оливер Кан, се приклучи на Управниот одбор на клубот, соопшти прес-службата на баварскиот клуб.
Педесет годишниот Германец потпиша петгодишен договор со Баерн. На 1 јануари 2022 година, Кан ќе го предводи управниот одбор, по истекот на договорот на сегашниот лидер, двократниот носител на „Златната топка“ Карл-Хајнц Румениге.
Оливер Кан се пресели во Баерн од Карлсруе во 1994 година. Тој ги бранеше боите на германскиот фудбалски великан до 2008 година, а кариерата ја заврши на 39 години. Со Баерн, тој освои осум првенства, шест германски купови, пет лига купови, Купот на УЕФА, Лигата на шампионите и Интерконтиненталниот куп. По кариерата на фудбалер, Кан работеше како телевизиски експерт и се занимаваше со бизнис. Во 2019 година, тој стана дел од германската фудбалска „Сала на славните“.