вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Капело му испрати искрен совет на Анчелоти за неговата тренерска иднина

Капело му испрати искрен совет на Анчелоти за неговата тренерска иднина

Карло Анчелоти нагласи дека останува во Реал Мадрид и не планира посериозни потреси по болниот пораз од Манчестер Сити во Лигата на шампионите, а притоа ја цитираше и изјавата на Флорентино Перез од пред 15 дена.

Првиот човек на Реал тогаш порача дека Анчелоти ќе остане тренер на првиот тим без оглед на крајот на сезоната, но во тоа сега не се преубедени угледните шпански медиуми, но и дел од останатите угледни аналитичари во студијата ширум светот.

Тјери Анри во излагањето за „Си-Би-Ес“ порача дека Анчелоти најверојатно ќе ја прифати понудата од Бразил после оваа тешка елиминација, а истото му го препорачува и добриот познаник на Карло, Фабио Капело.

– Губењето 4:0 во едно полуфинале во Лига на шампионите е тешко за прифаќање. Можеби е време Карло да почне да мисли за понудата која ја има од Бразил. Во моментов има посилни тимови од Реал Мадрид во Европа и може е време да проба да освои Светско првенство со Бразил. Јас мислам дека треба да ја прифати понудата од Бразил.

– Што се однесува за другата страна, Манчестер Сити по вторпат се пласира во финале со Пеп Гвардиола и овојпат се огромни фаворити за титулата. Трчаат многу, компактни се, знаат да се бранат и поседуваат неверојатен квалитет. Едноставно не гледам слаба точка во овој тим на Сити, – порачал Капело во студиото на италијански „Скај“.