вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Капитенот на Сити потврди: „Ова е мојата последна сезона“

Капитенот на Сити потврди: „Ова е мојата последна сезона“

Давид Силва, новиот капитен на Манчестер Сити потврди дека ја игра последната сезона во редовите на шампионот на Англија.

Силва идното лето, по истекот на договорот, ќе ги напушти „Граѓаните“ по точно една децинија мината во Етихад.

-Ова е последниот круг, за мене се сосема доволни 10 години. Идеален период, истакнал Силва додавајќи дека клубот од него побарал да потпише договор на две, но тој избрал само уште една година.

Фудбалерот додава дека нема намера кариерата да ја продолжи во Кина, но ниту во Лас Палмас.

-Би сакал кариерата да ја завршам во Лас Палмас, но не би можел да играм во втор ранг. Кој знае што ќе биде. Мојата сопруга ќе одлучи, вели 35 годишниот Силва.

За 9 години во Етихад, Силва освои четири Премиер лиги, два ФА купа и четири Лига куп.