Претседателот на фудбалската федереацијата на Бразил, Едналдо Родригез, на крајот од овој месец ќе замине во Мадрид и ќе се обиде да го наговори Карло Анчелоти да биде селектор на оваа репрезентација.
Претходно за преговори ќе треба да добие и дозвола за преговори од претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез.
Бразил би му понудил на Карло Анчелоти десет милиони евра по сезона, еден милион повеќе од сегашниот договор со Реал Мадрид.
Анчелоти досега нема работено како селектор.