Најдобриот стрелец на последното Светско првенство, англискиот фудбалер Хари Кејн имаше само пофални зборови за Американците.
„Имавме тежок противник, но мораме да гледаме напред. Ни извршија голем притисок, знаевме дека ќе ни отежнат, но на моменти добро се справивме. Американците се добар тим и треба да се почитуваат. Можеби луѓето по првиот натпревар против Иран и победата од 6-2 мислеа дека можеме да го победиме секој противник, но овде на Светско првенство не е секогаш така лесно“, рече Кејн