сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Кевин Де Брујн тешко повреден ?

Кевин Де Брујн тешко повреден ?

Европскиот и англиски фудбалски шампион Манчестер Сити и Пеп Гвардиола се соочуваат со сериозен проблем, откако стана познато дека повредата на Кевин Де Брујн не е наивна и тој ќе мора да паузира подолг временски период.

Сосема е извесно дека фудбалерот ќе мора да го пропушти стартот на следната сезона, но сепак, нема да има потреба од хируршки зафат.

Белгискиот репрезентативец со сигурност ќе го пропушти Супер Куп натпреварот против Арсенал (6-ти август) и првото коло од Премиер лигата против Барнли (11-ти август).

За потсетување, Де Брујн заработи повреда во првото полувреме од финалето на Лигата на шампионите против Интер.