Манчестер Сити на 9. април гостува на Реал Мадрид во рамките од првиот 1/2 финален меч во Лигата на шампионите, а белгискиот фудбалер Кевин Де Брујне е под знак прашалник за настап на овој натпревар.
Сити покрај тоа што има предизвик да влезе во финалето во Лигата на шампионите има и битка за титулата во Премиерлигата, а неиграње на Де Брујне и тоа како може да влијае на нивните цели во финишот на сезоната.
Де Брујне, кој со две асистенции беше еден од најзаслужните за победата над Арсенал (4:1), побарал замена во 80. минута, а наследниот меч против Фулам не настапи.
Гвардиола изјави дека не бил во комбинација поради ситна повреда и поради тоа што не се чувствувал добро, а менаџерот на Сити не знаеше да одговори на прашањето кога играчот од средниот ред ќе се врати на терените.