недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Киелини и Јувентус ќе ја продолжат соработката

Киелини и Јувентус ќе ја продолжат соработката

“Скај Спорт Италија“  објави дека италлијанскиот фудбалски репрезентативец Џорџо Киелини постигнал договор за нов двегодишен договор со Јувентус.

Обновувањето на договорот на капитенот на „бјанконерите“ беше очекувано, само остана нејасно дали новиот „дил“ ќе биде на една или две години.

Киелини, кој и помогна на Италија да го подигне европскиот шампионски пехар ова лето, продолжува со „Старата дама“ .

„Скај“ денеска објави дека тој си подал рака со управата на тимот за нов двегодишен договор кој треба да биде потврден најдоцна утре.