среда, 15. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Киелини поради повреда ќе го пропушти натпреварот со Интер

Киелини поради повреда ќе го пропушти натпреварот со Интер

Фудбалерот Јувентус, Џорџо Киелини, најверојатно, нема да игра на натпреварот од 35. коло на шампионатот на Италија против Интер.

33-годишниот дефанзивец беше повреден во 34. круг со Наполи (0:1) одигран синоќа во Торино.

– Киелини, најверојатно, нема да биде подготвен за натпреварот со Интер, кусо изјави тренерот Алегри, при тоа не соопштувајќи повеќе детали за повредата.

Натпреварот Интер – Јувентус ќе се игра в саботата (28 април) и е многу значаен за конечниот исход во Серија А.

Во пресрет на овој меч Јувентус е прв на табелата со бод предност во однос на Наполи.

МИА