четврток, 21. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Клоп сака да направи непобедлив Ливерпул: Најголемата ѕвезда на Јувентус на врвот на листата желби

Италијанските медиуми започнаа со гласини за можно заминување на Пауло Дибала во редовие на Ливерпул. Јирген Клоп сака да го донесе Аргентинецот како долгорочна замена за Кутињо.
Клоп сака да направи непобедлив Ливерпул: Најголемата ѕвезда на Јувентус на врвот на листата желби

Италијанските медиуми наведуваат дека на врвот на листата на желби на Клоп за ова лето се наоѓа младиот Аргентинец, 25 годишниот Пауло Дибала, кој би требало долгорочно да го замени Фелипе Кутињо, кој во зимскиот преоден рок замина во Барселона.

Кутињо го напушти Енфилд оваа зима за 160 милиони евра, а тренерот на Ливерпул се уште не му е пронајдена достојна замена.

Ова лето мора Клоп ќе мора да внимава и на Мохамед Салах, чија сензационална форма им падна во око и на великаните Реал Мадрид и Барселона.

Доколку успее трансферот на Дибала,тој би бил големо засилување за Ливерпул, кој веќе го има убиственото трио кое го сочинуваат Салах, Фирмино и Мане.

Младиот Аргентинец пристигна во Јувентус од Палермо во 2015 година за 40 милиони евра, а во клубот се покажа како еден од најдобрите играчи на светот. Во овие три сезони Дибала постигна 51 гол во само 91 настап, вклучувајќи го и хет-трикот овој викенд против Беневенто.

Неговата завидна форма ја приметија многу европски клубови, но се Клоп се надева дека ќе успее да го донесе Дибала на Енфилд.

Сепак прашање е и дали Јувентус ќе дозволи да изгуби играч како Дибала, а и дали самиот играч ќе прифати трансфер, бидејќи веќе неколку пати сам има кажано дека би сакал уште многу години да остане во Торино.