Египетскиот клуб Фарко сака да го ангажира одбранбениот фудбалер на Бразил, Дани Алвеш.
Покрај тоа, тимот се надева дека ќе го вклучи капитенот на Барселона, Лионел Меси во добротворна кампања против хепатит Ц.
– Работејќи со Дани Алвеш, можеме да имаме корист од неговото искуство. Се сретнав со Алвеш. Мислам дека можам да го донесам во египетската Премиер лига.
Преговаравме со Меси не за тој да му се приклучи на нашиот клуб, туку со цел да ги зајакнеме односите со играчот за да придонесеме за лекување на хепатитис Ц, изјави сопственикот на Фарко, Шрин Хелми ЕлХадат.
На крајот на мај, Дани Алвеш го освои 42-от трофеј во кариерата со Сао Паоло.