петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Кој е херојот на Еквадор? Бил млекар, живеел на улица, а сестра му била киднапирана

Кој е херојот на Еквадор? Бил млекар, живеел на улица, а сестра му била киднапирана

Енер Валенсија е националниот херој на Еквадор откако во премиерниот меч на Светското првенство во Катар беше стрелец на двата погодоци за својата репрезентација на мечот против домаќинот.

Валенсија ги живее најубавите години од својот живот. Покрај тоа што е капитен на Еквадор во моментов настапува во турскиот Фенербахче. Сепак, неговиот живот не беше нималку лесен и е вистинска холивудска приказна.

Валенсија кој е роден во Сан Лоренцо имал тешко детство. Како дете бил без пари, спиел на улица, а за да работи нешто ситно работел како млекар. Сепак, бил доволен посветен и успеал да го исполни својот сон од детството и да стане професионален фудбалер. Заигра и во Премиер-лигата каде беше дел од Вест Хем и Евертон, но неговите проблеми тука не завршија.

Во 2020 година неговата сестра била киднапирана и десет дена била држена во заробеништво. Сепак, целата приказна завршила со среќен крај.