понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Кој ќе оди во Катар, Португалија или Македонија?

Кој ќе оди во Катар, Португалија или Македонија?

Се поблиску сме до вторник, денот кога македонската фудбалска репрезентација ќе се обиде да испише нова историја и обезбеди пласман на најголемата сцена-Светското првенство кое ќе се одржи на крајот на оваа година во Катар.

Момците на Милевски треба да направат само уште еден чекор, а тоа е да ја победат Португалија на нејзин терен во Порто. Ние во целиот овој циклус за мундијалот покажавме дека можеме да целиме високо, па така сите ја паметиме победата над Германија во Дуизбург, а пред неколку дена ја нокаутиравме и Италија во Палермо.

Предвизвикот е голем и ако сакаме на СП ќе мораме да го срушиме Кристијано Роналдо заедно со останатите негови сонародници.

Овој дуел го најави ФИФА со фотографија на која на едната страна се Роналдо, Жота и Силва, додека од другата се Трајковски, Барди и Ристовски.

-Едноставно прашање: Кој ќе води во Катар? -прашаа од ФИФА.