среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Конте во нови преговори, доби понуда за Лигата на шампионите

Конте во нови преговори, доби понуда за Лигата на шампионите

Поранешниот тренер на Интер, Јувентус и италијанската репрезентација Антонио Конте може привремено да го промени полето на активност.

„Скај Спорт Италија“ го поканува 51-годишниот фудбалски стручњак да стане експерт на нивниот канал. Преговорите се во напредна фаза.

Конте се очекува да работи за натпреварите од Лигата на шампионите. Тренерот е заинтересиран за овој предлог.

Конте летово го напушти Интер, откако на „нероаѕурите“ им донесе шампионска титула по пауза од 11 години.