Фудбалската репрезентација на Косово ќе смее да ги користи своите државни обележја на гостувањето кај Шпанија во мечот од квалификациите за пласман на СП 2022 во Катар.
Шпанија уште го немаат признаено Косово како самостојна држава, но после реакциите од Косово кои се заканија дека нема да играат ако не им се интонира химната и не се дозволи користење на знамето, бидејќи се членка на ФИФА и УЕФА и бараат ист третман,домаќинот ги прифати условите за мечот/
На стадионот во Севилја на 31 март, селекцијата на Косово ќе добие третман како и секоја друга гостинска репрезентација и нема да биде нарекувана како „територија на Косово“ како што стоеше на сајтот на шпанската фудбалска федерација.