Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо има намера да го напушти Ал-Наср и да се врати во Мадрид, пренесува „Ел Насионал“.
Тој тешко се прилагодува на новата средина и култура на Саудиска Арабија, а исто така не го познава ни јазикот.
Роналдо има намера да се врати во градот во кој помина девет години како дел од Реал Мадрид, а од „кралскиот клуб“ добил понуда повторно да се приклучи, но не како играч, туку како функционер.
Претседателот Флорентино Перез е подготвен да му понуди на Роналдо враќање во клубот како амбасадор или на Португалецот да му понуди позиција во спортскиот менаџмент на клубот.
Кристијано Роналдо му се приклучи на Ал-Наср претходно оваа година. Неговиот договор со клубот е до 2025 година.
38-годишниот фудбалер оваа сезона одигра 12 натпревару во Саудиска Арабија, постигнувајќи 12 гола и две асистенции.