четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Кулибали заминува од Наполи

Кулибали заминува од Наполи

Калиду Кулибали не се договори со раководството на Наполи за нов договор. Тоа значи дека Сенегалецот ќе биде продаден оваа лето или да замине како слободен играч следната година.

Актуелниот договор на дефанзивецот е до летото 2023 година и Наполи се обиде да го продолжи, но фудбалерот не прифати.

Наполи се соочува со финансиски потешкотии и се обидува драстично да го намали буџетот за плати. Сепак, дел од стандардните во тимот беа навредени од предлогот за намалување на нивните плати. Поради оваа причина, прво Лоренцо Инсиње одби нов договор, па истата судбина ги чека и Дрис Мертенс и сега Кулибали.