понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Куртуа призна: Срцето ми е во Мадрид

Куртуа призна: Срцето ми е во Мадрид

Еден од најдобрите играчи на Челзи – Тибо Куртуа, направи вистинска исповед за приватниот живот. Иако е среќен од претставувањето во Челзи, тој е категоричен дека неговото срце не е во Лондон, туку во Шпанија, а особено во Мадрид.

Семејството на белгискиот репрезентативец живее во главниот град на Шпанија, откако тој помина доста време во Атлетико на изнајмување токму од Челзи. Разделбата со семејството сепак дефинитивно влијае на играчот, а тоа само ги засилува шпекулациите дека тој може да заигра во Реал Мадрид.

– Личниот мој живот е врзан со Мадрид. Двете мои деца живеат таму со нивната мајка. Секој ден се слушам со својата ќерка и таа ми кажува дека и недостигам. Син ми е уште премногу мал за да може да комуницира на овој начин. Кога и да имам можност, се враќам до Шпанија. Не е лесно. Да, срцето ми е во Мадрид. Тоа е логично и сосема разбирливо, изјави голманот на „сините“.

Ако се заинтересирани (од Реал), додаде, треба да се поврзат прво со Челзи. Но тоа засега не се случило. – Ја сакам Шпанија и ќе се вратам во Мадрид еден ден. Тоа е сигурно“, рече уште Куртуа во интервју за „Sport / Foot Magazine“.