четврток, 21. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Квадрадо побара од навивачите да му изберат нов број

Квадрадо побара од навивачите да му изберат нов број

Фудбалерот на Јувентус, Хуан Квадрадо, му го препушти дресот со број седум на Кристијано Роналдо и побара од навивачите да му изберат нов број.

Квадрадо на овој начин му посака добредојде на Роналдо во Јувентус, а навивачите преку социјалните мрежи можеа да учествуваат во анкета и им беше понудено да изберат еден од следните броеви – десет, 16, 21 или 49.

Во анкетата учествуваa над 150.000 лица, а најмногу гласови доби бројот 49. Во следниот период се очекува да се огласи и Квадрадо за да соопшти дали во иднина ќе го носи токму овој број.

МИА