Фудбалерот од редовите на италијанскиот шампион Наполи, Квича Кварацхелија е пред продолжување на договорот со наполитанскиот клуб .
Новиот договор на играчот со Наполи ќе важи до 2028 година. Платата на Грузиецот ќе се зголеми од 1,1 милион на 3 милиони евра годишно. Со тоа паѓаат во вода сите претходни најави дека Њукасл е сериозен во намерите да го купи популарниот Квича во своите редови.