Лацио ја забележаа и втората победа на стартот од новата сезона, вечерва на домашен терен ја наполнија мрежата на Специа и славеа со убедливи 6-1.
Гостите први поведоа преку Верде во 4. минута, но 60 секунди подоцна, Имобиле изедначи на 1-1. Напаѓачот во 15. минута погоди за 2-1, а во финишот на првиот дел промаши пенал и пропушти да донесе 3-1. Сепак, за кратко време успеа да се искупи и по еден корнер реализираше со глава за 3-1 и хет-трик.
На стартот од вториот дел, Андерсон зголеми на 4-1, Хисај ја затресе мрежата на гостите во 70. минута за 5-1, а на пет минути до крајот, Алберто ги постави конечните 6-1.
На вториот денешен натпревар од 18:30 часот, Аталанта и Болоња одиграа 0-0 и ги поделија бодовите.