Бундеслигашот Лајпциг ќе му плати на Челзи помалку од очекуваното за Тимо Вернер. Беше објавено дека трансферот на напаѓачот ќе го чини германскиот клуб 30-35 милиони евра и бонуси.
Сепак, според „Sky Sport Deutschland“, трансферот на овој играч ќе го чини Лајпциг многу поевтино. Без да се земат предвид бонусите, Челзи за напаѓачот ќе добие 19,5 милиони евра.
Да потсетиме дека во 2020 година лондонскиот клуб го купи Тимо од Лајпциг за 53 милиони евра.
Фудбалерот сакаше да го напушти Челзи за да не го загрози влегувањето во репрезентацијата на Германија за Светското првенство во 2022 година.
Трансферот на Вернер ќе биде официјално објавен утре. Напаѓачот в среда ќе го има првиот тренинг во Лајпциг по враќањето. Тој играше за Лајпциг од 2016 до 2020 година. Во 156 настапи за клубот, тој постигна 90 гола и даде 40 асистенции.