четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Лаутаро Мартинез ќе добие нов договор во Интер

Лаутаро Мартинез ќе добие нов договор во Интер

Лаутаро Мартинез останува верен на Интер и наскоро ќе стави потпис на нов договор.

После продажбата на Лукаку, Интер не сакаше да ја загуби другата голема ѕвезда и ги одби сите понуди за Аргентинецот.

Двете страни веќе подолго време преговараа за нов договор, бидејќи Лаутаро беше еден од најмалку платените фудбалери.

Последните информации се дека двете страни постигнале договор и наскоро Лаутаро ќе стави потпис на нов 5-годишен договор.

Аргентинецот ќе добие значително зголемување на платата и ќе биде меѓу најплатените фудбалери во тимот со 6 милиони евра по сезона.