среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Лаутаро Мартинез останува во Интер

Лаутаро Мартинез останува во Интер

Потпретседателот на италијанскиот фудбалски гигант Интер, Хавиер Занети, стави крај на сите дилеми околу клупската иднина на аргентинскиот интернационалец Лаутаро Мартинез.

Најдобриот стрелец во дресот на „нероазурите“ важи за голема желба на раководните лица на Манчестер Јунајтед, Челзи и Баерн (М), но легендата на Интер испрати јасна порака дека Лаутаро ќе остане во Милано уште многу години.